Руска боксерска промоција ги укина ринг девојките во бикини: Ова не е стриптиз клуб!

Ring cure rusija

Руската боксерска промоција „Ворлд оф бокс“ неодамна објави дека нивните ринг девојки повеќе нивната работа нема да ја извршуваат во бикини. Причината за ваквиот потег лежи во желбата за почитување на луѓето кои се муслимани или која било друга вероисповед. Промените стапија на сила на завршниот настан, што се одржа на 22 мај, но за таа одлука долго време се размислуваше. 

„На нашите настани има луѓе од различни култури“, изјави извршниот директор промоции, Ендрју Рјабински.

„Имаме боксери кои се муслимани, кон кои имаме почит. Бокс настаните не се само места каде што девојките треба да одат во бикини. Повеќе претпочитме воздржан формат. Ова е сериозен меѓународен спортски натпревар, а не стриптиз клуб. Поради тоа одлучивме да го промениме форматот и заради тоа ќе бидеме поцивилизирани“.

Наместо потполно „укинување“ на девојките од настанот, раководството на промоцијата одлучи за претставување на ринг девојките како „убаво“ лице.

„Во Америка  девојките носат бикини. Ние сакаме тие да бидат убави, но сакаме и да изгледаат убаво“, вели Андреј.

Девојките не мора да биде полуголи за да ги носат таблите со броевите. Тоа произлезе од Америка и не значи дека сите други мора да ги следат (з.а.).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО