Русите ММА медиуми се распишаа за договорената борба меѓу Тони и Хабиб

Ако и веруваме на руските медиуми, Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов ќе се борат на УФЦ настанот кој промоцијата планира да го организира оваа есен во Медисон сквер гарден.

Претходно оваа недела Нурмагомедов ја одби понудената борба против Фергусон на крајот на летото, велејќи дека му треба малку повеќе време, на што Фергусон реагираше многу луто. Сето ова е продолжение на УФЦ 209 и во која Дагестанецот ја откажа борбата само неколку дена пред одржувањето.

Но, ако е за верување на руските медиуми, Фергусон брзо се смирил и прифатил новиот понуден термин, а тоа е УФЦ 217 кој ќе се одржи на 4 ноември во Медисон сквер гарден и тоа треба да биде голем настан во рамките на посетата од минатата година на големата и легендарна сала во Њујорк. Тогаш УФЦ 205 сите ги воодушеви, а продажбата беше феноменална.

Ова и на двјацата треба да и биде прва борба оваа година, а планот треба да остане ист, односно борба за привремен шампион во лесна категорија. Тоа би значело дека враќањето на Конор Мек Грегор, барем како шампион во  лесна категорија , не може да се очекува оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON