Русија најуспешна на СП во самбо со ѕвездите Немков и Сиделников, Македонија незабележителна

Македонските репрезентативци без поголем успех на Светското сениорско првенство во самбо во Чеонгју – Јужна Кореја. Во единстевниот настап на наш натпреварувач Маја Бобан (-68 кг) во спорт самбо загуби од Колумбијаката Дијана Веласко во првото коло, инаку многу искусна натпреварувачка и медалистка.

Един Дураковиќ  (-100 кг) не настапи од технички причини, како што известуваат од нашиот табор, а Бобан Данов воопшто и не отпатува, поради немање дозвола за отсуство од работа.

Најуспешна нација е Русија која собра најмногу медали во сите конкуренции – комбат самбо, спорт самбо и во женска конкуренција.

Русија освои вкупно 25 медали – 20 златни, 1 сребрен и 4 бронзени, втора е Монголија со 11 (2-1-8), а трета е Украина 6 (2-0-4).

Во руската репрезентација настапуваа ѕвезди како Вадим Немков и Кирил Сиделников кои се дел од тимот на Федор Емилијаненко.   

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON