Русија и Белорусија нема да бидат поканети на Олмпијадата во Париз 2024

На 26 јули годинава, точно една година пред планираното отворање на Олимписките игри во Париз, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе испрати покани за учество на адресите на 203 национални олимписки комитети, но меѓу нив нема да бидат Русија и Белорусија, беше објавено во четвртокот.

ИОК додаде дека одлуката за учество на руски и белоруски спортисти на следните Олимписки игри се уште е „на чекање“.

Но, сега е јасно дека ниту Русија ниту Белорусија нема да имаат свои претставници во екипните спортови следното лето.

Во март, ИОК објави дека „во догледно време“ ќе одлучи за евентуалното учество на руски и белоруски спортисти во Париз, барем под неутрално знаме. Тогаш беше објавено и упатство до меѓународните спортски федерации да им се дозволи на руските и белоруските спортисти повторно да настапат, и тоа оние кои активно не ја поддржуваа агресијата врз Украина која започна во февруари 2022 година, но без национални симболи.

Освен Русија и Белорусија, единствениот национален комитет што нема да добие покана да дојде во Париз е оној на Гватемала, кој е под суспензија на ИОК од октомври 2022 година поради политичко мешање во работата на националниот комитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON