Рунтиќ и Ташков на прием кај директорот на АСМ Марјан Спасески

ams boks regionalno natprevaruvanje 2

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари среда со претседателот на Регионалната лига во бокс, Јурица Рунтиќ и Димитар Ташков од нашиот претсетавник во лигата Пинк Пантер.

Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека со започнувањето на регионалното првенство (налик на Јадранската Аба лига во кошарка), ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот.

ams boks regionalno natprevaruvanje 1
„Регионалното натрпеварување ќе биде составено од екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија и тоа од 7 екипи – БК Пинк Пантер од Штип,Македонија, БК Спартак од Војводина, Србија, БК Лозница од Лозница, Србија, БК Лазаревац од Белград, Србија, БК Сесвете од Загреб, Хрватска, БК Славија од Бања Лука, БиХ, БК Радник од Бјелина, БиХ. Ќе се одржат 14 кола започнувајќи со првиот натпревар кој ќе се одржи на 4 март оваа година во Македонија, во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип помеѓу БК Пинк Пантер и БК Спартак. Учесниците ќе се натпреваруваат во 9 категории и тоа 56кг, 60кг, 64кг, 69кг, 75кг, 81кг, 91кг и +91 кг. Многу важно е тоа што победникот на ова натпреварување ќе земе учество во WSB (Светска лига на прваци)“, истакнаа раководните лица на Регионалната боксерка лига, Рунтиќ и Ташков.

Директорот Спасески го поздрави овој навистина голем чекор кој треба да го врати борењето на високите патеки. Спасески истакна дека Македонија секогаш преставувала извор на боксерски таленти кои подоцна станувале боксерски асови како што се носителите на Олимписки медали Аце Русевски и Реџеп Реџеповски. На крај на состанокот Спасески додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе работи со уште позасилено темпо за развој на борењето и создавање на идни боксерски асови.
На средбата присуствуваа и Илија Младеновски потпретедател на Регионалната лига во бокс и Жељка Бошњаковиќ директор на Вокор медиа, за должена за медиумска и ПР покриеност на Регионалната лига.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО