Румејса Фејзула освои бронзен медал на Меѓународниот турнир „Адем Јашари 2017“ во Приштина во организација на Џудо клубот „Полици“.
Румејса Фејзула која е родена 2004 година се натпреваруваше во кадетска конкуренција во категоријата до 63 килограми, додека Ветон Ајдини, роден 2002 година, настапи во конкуренција на кадети до 73 килограми и ја загуби во борбата за бронзата, со што беше петопласиран.
„Задоволни сме од прикажаните борби и од нашите спортисти, сега ќе продолжиме напорно да тренираме се со цел новата сезона да ја пречекаме во топ форма“, велат од ЏК Иппон од Скопје.
Ipon.mk