Енди Руиз (33-1, 22 КО) на повик од мексиканскиот претседател пристигна во посета на татковината на неговите родители.
„Уништувачот“ кој е роден во САД, но се смета за Мексиканец во Њујорк со технички нокаут во седмата рунда го порази Ентони Џошуа и ги освои титулите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Покрај тоа, стана и првиот Мексиканец светски првак во тешка категорија.
Тоа му беше втора борба за титулата во тешка категорија. Во првата во 2016 година беше тесно поразен од Џозеф Паркер за слободната титула на ВБО.
Иако и пред борбата со Џошуа се бореше за светската титула во тешка категорија, тоа не му донесе доволно пари, за да може целосно да се посвети на боксот.
„Среќен сум. Пред една година сакав да се откажам од боксот. Немав пари, но не сакав да живеам на улица“.
Како и кај повеќето борци боксот му помогна да се остане понастрана од проблемите.
„Правев лоши работи со пријателите. Татко ми мораше да ме бара по нивните домови и да ме води на тренинг. Боксот ми помогна да не бидам на улица, ниту во лоши подрачја. Јас сум тоа што сум благодарение на боксот и на татко ми“, рече новиот светски шампион во тешка категорија.
Со 29 години стигна до тоа да оди на прием во Националната палата во Мексико Сити, каде што беше пречекан од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.
„Бев нервозен на средбата со претседателот. Беше многу горд. Можете да зборувате со него како со чичко“.