Хабиб: Мек Грегор ме перколнуваше да не го убијам

Хабиб Нурмагомедов (27-0, 11-0 УФЦ) се подготвува за втората одбрана на УФЦ-титулата во лесна категорија против Дастин Пориер (25-5, 17-4 УФЦ) на 7 септември во Абу Даби.

И на најваната прес-конференција што се одржа во Лондон не можеше да го избегне прашањето за реваншот со Конор Мек Грегор.

„Во последните три години тој има само една победа во аматерскиот бокс. Како го заслужува реваншот тој?“, изјавји Русинот.

Нурмагомедов доминираше во борбата против Ирецот минатиот октомври и го принуди да се предаде во четвртата рунда.

„Тапкаше. Знаете ли дека ме преколнуваше да не го убијам? Сега зборува за реванш“.

„Тони Фергусон е на ред. Луѓето со победи се на ред. Не човек кој нема освоено ништо во изминатите три години. Јас имам многу работа и без него, а сега сум фокусиран на 7 септември“.

Мек Грегор последната победа ја оставри во ноември 2016 година, кога со нокаут против Еди Алварез на титулата во перолесна ја додаде и онаа во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО