Канело е 4-от најплатен спортист во светот, Џошуа 13-ти, Мек Грегор 21-и

Лионел Меси го наследи Флојд Мејведер на позицијата најплатен спортист во светот.

Форбс откри дека 31-годишниот Аргентинец бил најплатениот спортист во изминатата година.

Ѕвездата на Барселона заработила 127 милиони долари преку плата и спонзорски договори.

На второто место е неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо со 109 милиони.

Напаѓачот на ПСЖ од Бразил Нејмар со 105 милиони долари е третиот фудбалер на првите три места.

По нив следи ВБА, ВБЦ и ИБФ светскиот шампион во средна категорија Сол Алаврез – Канело. 28-годишниот Мексиканец е побогат за 94 милиони долари во изминатата година.

Тениската ѕвезда Рожер Федерер е пети со 93,4 милиони.

Ѕвездите на НБА и на НФЛ ги затворија првите десет – Расел Вилсон (89,5 милиони), Арон Роџерс (89,3), Леброн Џејмс (89), Стив Кари (79,8) и Кевин Дурант (65,4).

Тајгер Вудс е 11-ти со 63,9 милиони.

Ентони Џошуа со заработени55 милиони долари го дели 13 место со возачот Луис Хамилтон и американскиот фудбалер Халил Мака.

Поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории Конор Мек Грегор заработил 47 милиони долари во овој период и е рангиран на 23-тото место.

Дионтеј Вајлдер е на 56 место со 30,5 милиони, Мани Пакијао 92 со 26 и Генади Головкин 95 со 25,5 милиони долари.

Единствена жена на листата е тенисерката Серена Вилијамс, која е 63. со заработени 29,2 милиони долари.

Мејведер, кој минатата година имаше само егзибициски меч со Теншин Насукава на Нова година не се најде на листата, но „Мани/Пари“ четири години беше најплатениот спортист во светот.

Стотината најплатени спортисти во изминатата година заработија 4 милијарди долари, што е за 5 отсто повеќе од минатата година. 62-ца се Американци.

Форбс за изработка на својата листа ги користеше податоците за заработувачката во периодот меѓу 1 јуни 2018 и 1 јуни 2019 година.

Целата листа можете да ја видите на: https://www.forbes.com/athletes/list/3/#tab:overall

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО