Жаирзињо Розенструик продолжува да се подготвува за претстојниот меч. Суринамскиот борец во октагонот ќе се пресмета со Сирил Гане, кој сè уште нема пораз во професионалната ММА кариера (7-0).
Тие ќе се соочат главната битка на УФЦ Фајт најт 186 на 27 февруари 2021 година во Лас Вегас, Невада.
„Се подготвувам за господин Гане“, напиша Розенструик на својот Инстаграм профил.
Жаирзињо Розенструик има салдо од 11 победи и само 1 пораз во ММА. Тој победи на 10 натпревари пред последниот удар во гонгот (сите со нокаут). Неговиот единствен пораз е против Френсис Нгану – пораз со нокаут, 20 секунди по почетокот на судирот, кој се одржа на 9 мај 2020 година.
Последен пат кога се појави во октагонот суринамскиот борец го нокаутира Жуниор дош Сантос, поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија.
Розенструик победи на 5 меча во УФЦ и во моментов е рангиран на 3-то место на ранг-листата кај тешкашите.