Верховен му помага на болно дете (ВИДЕО)

Шампионот на Глори во тешка категорија Рико Верховен покажа големо срце и уште еднаш помогна на болно дете.

Кик бокс ѕвездата уште еднаш се приклучи на добротворна кампања за поддршка на малата Сара, која страда од вродена мускулна дистрофија. Верховен го запознал девојчето, си играл со неа и донирал пари за нејзиното лекување.

„Ова мало девојче ми дава толку многу радост и ме тера да го ценам животот и здравјето и ми покажува дека среќата може да се најде во малите нешта во животот. Горд сум на тебе“, напиша Рико на Инстаграм, кој покажа дел од неговата средба со малата Сара.

Ѕвездата на кикбоксот му помага на семејството на детето повеќе од две години и често се занимава со собирање средства за нејзиното лекување, или донирање пари или организирање настани, чии приходи одат за заложбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО