Хабиб Нурмагомедов сонува за фудбалското деби

Неоспорниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов сонува да го направи фудбалското деби. 32-годишниот Дагестанец е голем љубител на фудбалот и е страствен навивач на Анжи од Махачкала и Реал Мадрид. Тој е близок пријател на многу играчи, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо.

На крајот на минатиот месец, „Орелот“ доби официјална понуда од ФК Камаз, тим од руската професионална фудбалска лига. Камаз го повика Хабиб да потпише со нив, затоа што третиот ешалон во рускиот фудбал е како УФЦ.

Сепак, Нурмагомедов има големи побарувања и сака да се испроба во тим од светска класа. Хабиб во едно од неговите последни појавувања во медиумите за неговиот сон во фудбалот изјави:

„Спартак е локален клуб. Мојот сон е Реал Мадрид. Фудбалот е крал на спортот и сонувам да дебитирам. Нема човек со кого не сум разговарал за ова. Зборував со претседателот на УЕФА, сопственикот на ПСЖ и Кристијано“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО