Розенструик: Можам да ја нокаутирам големата глава на Нгану

Долго време, Френсис Нгану беше најстрашниот борец од тешка категорија на УФЦ, но сега се појави конкуренција. Непоразениот Жаиррзињо Розенструик за брзо време во првата година во организацијата стигна во серија од четири последователни победи со нокаут во УФЦ. Тој е со скор 10-0 во ММА, а минатиот викенд го совлада легендарниот Алистер Оверем.

Победата беше импресивна затоа што се случи во последните секунди од 5-тата рунда, а со тоа Розенструик покажа дека нема кардио проблеми како што ги гледаме кај Нгану. Двајцата се етаблираа како големи нокаутери во тешката категорија и дефинитивно ќе има голем интерес за ваква средба. Не е јасно дали УФЦ ќе го организира, но Розенструик е подготвен и верува дека може да го нокаутира Френсис.

„Ми се допаѓа што ми одговори Нгану. Ако ја прифати битката, тогаш ќе бидам возбуден. Се гледаме наскоро. Мислам дека ова ќе биде добра борба. Тој е силен и голем борец.

Да, тој е голем и страшен, но мора да го сториме тоа. Секако дека можам да го нокаутирам. Сигурно, ќе видите дека ќе го нокаутирам. Сè што треба да направам е да го удрам во таа голема глава“, рече Розенструик.

https://www.instagram.com/p/B53MhXRH1sV/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON