Розенструик им се извини на фановите (ВИДЕО)

Жаирзињо Розенструик е разочаран од самиот себе откако викендов загуби од Сирил Гане во главниот меч на УФЦ Вегас 20.

Ниту еден од судиите не досуди рунда во корист на Розенструик и Французинот победи со едногласна одлука. Ова ја поттикна суринамската ММА ѕвезда да го опише својот настап како „најлош во неговата кариера“ и тој им се извини на фановите.

„Фановите, семејството и пријателите. Само се борев и мечот не мина како што сакав. Мислам дека ова е најлошиот учинок во мојата кариера … затоа ви ги кажувам овие работи, мислам дека ви го должам тоа. Ќе одам дома и ќе го испотам задникот од тренинг за следниот меч. Не знам кога ќе биде тоа. Почит кон Сирил, тој го доби мечот, тој е вистински професионалец. Само тоа имам да кажам“, рече Розенструик во видеото објавено на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО