Жаирзињо Розенструик славеше со нокаут над поранешниот шампион во тешка категорија Жуниор дош Сантос на УФЦ 252 во Лас Вегас. Двајцата борци имаат многу моќ и беше речиси сигурно дека ќе има нокаут.
На почетокот тешкашите не брзаа да почнат со размена на удари, иако Бразилецот го отвори мечот со удар. Жуниор беше поактивен борец и од дистанца го напаѓаше Розенструик. Дош Сантош се обиде да го погоди Розенструик со ножен удар од вретење, но не успеа.
Во втората рунда Розенструик почна со ножни удари и со раце, а Бразилецот не му остана должен, му враќаше со иста мерка. Розенструик проба удар со глава во главата, но не ја пронајде целта. Конечно ја скратија дистанцата и Жаирзињо со комбинација од лев и десен удар го сруши Бразилецот. Розенструик се нафарли како избезумен и по втор пат го собори Бразилецот кој се обиде да стане.
Дан Марглиота интервенираше и ја прекина битката.
Со оваа победа Розенструик се врати на победничката патека откако го загуби статусот на непоразен од Нгану пред неколку месеци, кој го нокаутира за 20 секунди. Жуниор за прв пат во кариерата влегува во серија од три последователни порази.
BIGI BOY IS BACK! 😳 #UFC252 pic.twitter.com/h8SlayhrGF
— UFC (@ufc) August 16, 2020