Миочиќ со респект за Кормиер во првата изјава

Стипе Миочиќ забележа уште една историска победа и потврди дека тој е најголемиот тешка категорија во историјата на УФЦ.

Актуелниот шампион во раните утрински часови од неделата со едногласна одлука на судијата го совлада својот голем спортски ривал и уште еднаш го напушти октагонот со појас околу половината.

„Уморен сум, сакам да си одам дома“, рече Миочиќ во првата реакција по борбата во Лас Вегас и со тоа го насмеа познатиот коментатор Џо Роган.

„Ништо не ме изненади. Искрено, тој е голем борец и му посакувам се најдобро во животот. Господ нека го благослови. Голем шампион е и одличен амбасадор на овој спорт. Немам ништо против него. Силен карактер е тој“.

Што е следно?

„Мојот план е таков утре да се разбудам рано, да се вратам дома и да го видам моето бебе. На 19 август ќе го прославам роденденот, ќе уживам во животот и ќе се дружам со луѓето до крајот на летото. Тогаш ќе видиме што ќе се случи следно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО