Поранешната шампионка на УФЦ, Ронда Русеј, владееше во бантам категоријата неколку години и шест пати ја бранеше титулата.
Но, потоа следеа два порази од Холи Холм и Аманда Нунеш.
Ронда загуби од Бразилката во декември 2016 година со прекин по 48 секунди, по што објави крај на кариерата.
После тоа, Американката неколку пати настапуваше на професионални натпревари во борење (кечерство).
Но, во едно неодамнешно интервју, таа откри дека мечот против еден борец може да ја врати во кафез.
„Има само една личност за која би можела да се вратам и сум кажал милион пати дека тоа е Џина Карано. Заради неа почнав да се борам и за тоа ќе и бидам благодарна. Ако утре ми понуди меч, веднаш би се согласила – изјави Ронда Русеј и продолжи:
„Да ми понудат да се борам во дворот, веднаш би го направила тоа. Не ми е гајле, би се борела со Џина каде сака. Мојата понуда уште сега можам да ја ставам на маса, па нека ја прифати. Нека знае дека секогаш постои можност за тоа, но не сакам да ја терам на ништо, бидејќи ја почитувам. Џина, ти благодарам за се што направи“.
Џина Карано и Ронда Русеј никогаш не се бореле меѓу себе.
Џина последениот меч го имаше во 2009 година кога загуби од Крис Киборг со прекин на крајот од првата рунда.
Тоа и беше единствениот пораз во кариерата, во осум ММА натпревари. Џина подоцна заплови во актерските води.