Рој Џонс е подготвен да ја жртвува својата слобода за онаа на ѕвездата на ВНБА

Рој Џонс зема активно учество во случајот со Бритни Гринер. Ѕвездата на Здружението на кошаркари беше уапсена во Москва во февруари поради обид за шверц на дрога. Оттогаш таа е во руски затвор и покрај обидите на американската влада да ја ослободи.

На 17 февруари Бритни Гринер слета на аеродромот во Москва. Полициско куче и го надушкало багажот, а при претресот било откриено дека во куферот имала масло од хашиш.

Рој Џонс е еден од многуте познати личности кои ги здружија силите за да ja вратат Гринер во САД. Тој смета дека неговото двојно државјанство кое го има од 2015 г. може да игра голема улога во ситуацијата.

„Знам од моите пријатели дека е можно руската влада да е отворена за таква опција, за размена на затвореници. Некој е уапсен на наша територија за размена со Бритни“, објасни Џонс. „Би се обложил со мојот живот да ја ослободам. Би отишол во руски затвор за да бидe oслободенa“!

Гринер може да биде осудена на 10 години затвор за нејзиниот престап. Многумина веруваат дека таа е жртва на политичко апсење како одговор на меѓународните санкции наметнати на Руската Федерација како резултат на војната во Украина.

Неодамна беше откриено дека имало разговори меѓу владите на двете земји за размена на Гринер против враќањето на Виктор Бут во Русија.

Виктор Бут е еден од најголемите дистрибутери на нелегално оружје од распадот на Советскиот Сојуз. Тој вооружи голем број немири и револуции ширум светот. Неговото дело го носи прекарот „Трговец на смртта“. Моментално издржува казна од 25 години во државен затвор.

„Многу луѓе ги политизираат постапките на другите“, додаде Џонс. „Многумина ме критикуваат за моите постапки во минатото. Зедов двојно државјанство затоа што ги сакам спортот и боксот во Русија. Затоа е добро да имате пријателства за време на спортските активности. Тие се над политиката.

„Се надевам дека нашата влада ќе ме поддржи и ќе ја врати Гринер дома“!

Гринер требаше да се појави на суд во средината на мај, но судењето беше откажано, а нов датум се уште не е објавен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО