Ронда Русеј не размислува за враќање, сака да стане мајка

Нешто повеќе за блиската иднина и плановите на Ронда Русеј кажа нејзиниот џудо тренер Џастин Флоренс. Тој не верува во можноста дека таа ќе им се врати на борбите, туку ја гледа Ронда како фамилијарна жена и мајка.

Поранешниот првак не се појавуваше многу во јавноста, посебноо за онаа спортската, по поразот на УФЦ 207 од Аманда Нунеш. Неодамна се појави вест дека Ронда се верила со УФЦ борецот Тревис Браун, поради што на многумина мислат дека Ронда се повеќе размислува за нејзината иднина на некој друг начин. Тренерот Флорес, кој со години е покрај неа, изјави нешто на таа тема:

„Не сум сигурен какви се нејзините планови. И понатаму често разговараме, но таа е многу зафатена околу нешто што нема никаква врска со боречките спортови, така што не го ни споменуваме. Знам дека малку се оттргна од тоа. Не можам да говорам во нејзино име, бидејќи не знам за што се работи во нејзиниот случај. Јас сум нејзин пријател и и посакувам се најдобро. Но, верувам во она што го знам, дека нејзиното враќање во ММА не е ни блиску до тоа што таа сака да го прави во блиска иднина. Мислам дека нејзиното тело и состојбата на умот во овој момент не се такви, за да може потполно да се фокусира на тоа да биде најдобра во светот. Ја знам целата болка преку која помина и сето тоа остава белег. Таа сега има 30 години, а се натпреваруваше од 8-годишна возраст и тоа без прекин. Мислам дека моментално размислува само за тоа како да има долг и среќен живот со Тревис, и дека сака да одгледа свои деца“.

Веќе против Нунеш во кафезот се виде дека Ронда е ментално далеку од спортот кој и донесе светска слава и богатство. Верувам дека другите извори на заработувачка и носат помалку притисок и одрекувања, така што не би требало да се чудиме доколку веќе никогаш не се врати на борбите. Сепак, зад себе остави историја која никој не може да ја оспори.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON