Откако мешаните боречки вештини се легализирани во Њујорк, од УФЦ веднаш го закажаа првиот настан во Големото јаболко на 12 ноември.
Лоренцо Ферита истакна дека УФЦ 205 ќе биде спектакуларен и ќе се одржи во Медисон сквер гарден, дури има голема веројатност Ронда Русеј да се врати во октагона за овој настан.
Ронда ја нагласи за желбата да победи на УФЦ 205 во Њујорк:
„Дефинитивно ќе биде нешто посебно за моето спорстко досие, но не го правам со таа цел. Важно е поради историјата. Сакам да бидам поврзана со ова историско место, како и да бидам запаметена само по убаво. Јас сум од Лос Анџелес, а таму, дали има нешто постаро од 50 години, урни го и гарди нешто друго на негово место, ново. Не е за гордост, туку за место во историјата. Немам ниту една слика од борбите дома, титулите ми се сокриени. Не сакам постојано да се докажувам, но сакам да се борам, за да останам во историјата“.
„Со задоволство би се борела на овој настан, најмалку, затоа што сметам дека го заслужив тоа. Не е нешто што треба да ми го подарат. Бев дел од процесот на легализација и сигурна сум дека многу од борците, кои се од Њујорк, би се чувствувале како мене, кога се борат во својот роден град“.
“Опстојавме на своето и успеавме да победиме. Чувството, сигурна сум, ќе биде чувствително од сите гладијатори кои ќе се борат овде. Родените тука, пак, сигурно ќе го почувствуваат тоа двојно. Искрено, малку и завидувам на тоа“.