Објавен конкурсот за државната награда „8 Септември“ од областа на спортот

ams-nagradaa

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националните Спортски Федерации, денеска го објави конкурсот за државната награда „8. Септември” со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници  за остварувања во областа на спортот.

nagradeni 8 sept - janevska-ilieva

Со награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во државата.

Паричниот износ на државната награда „8 Септември” изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

На наградениот за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план му се доделува плакета, диплома и паричен износ.

Паричниот износ на наградата „8 Септември” за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеца на тековната година.

Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба детално да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: биографски податоци, адреса на живеење, податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други документирани податоци и аргументи за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

Конкурсот е објавен во денешниот број на весникот Дневник, Коха, како и на веб страната на Агенцијата за млади и спорт, а ќе трае до 20 мај 2016 година.

Иницијативите треба да се достават на  адреса: Агенција за млади и спорт  –  Одбор за доделување на државната награда „8 Септември”, ул.„Македонија” бр. 38, Палата „Панко Брашнаров“ – Скопје, Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО