Ронда Русеј и мајка и се на топ листата на најуспешни џудо натпреварувачки во САД (ВИДЕО)

Првата дама, која успеа да стигне до ранг на суперѕвезда во светот на мешани боречки вештини, сега е професионален кечер на ВВЕ/WWE. Ова најверојатно ќе ја направи уште попозната од нејзините достигнувања во Страјкфорс и УФЦ.

Но, големите успеси на Ронда започнаа со медал на Олимписките игри воџЏудо во 2008 година.

Наскоро нејзиниот црн појас во џудо ќе биде повисок –  6-ти дан, коешто изгледа дека има позитивно влијание и во голема мера е мотивирачко за „кралицата на армбарите“, која до неодамна ги избегнуваше сите интервјуа.

Мајката на Ронда, АнМари Де Марс е првата Американка која освоила златен медал на Светското првенство во џудо во 1984 година. Таа се натпреварувала во категорија до 56 килограми. Де Марс го доби 7 дан во истиот ден, кога е промовирана ќерка и.

Благодарение на одличните успеси на двете жени, Русеј и мајка и се највисоко оценети дами во историјата на џудото во САД. АнМари и Ронда од своите „колеги“се сметаат и за едни од најтехничари натпреварувачи во спортот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО