Меѓународна сценаММА

Ронда Роузи повторно ја открива страста за ММА

Оригиналната шампионка во бантам категорија на УФЦ и членка на Куќата на славните, Ронда Роузи (12-2 ММА, 6-2 УФЦ) се врати во сала и се чини дека тренира напорно, и покрај тоа што со години е надвор од октагонот.

Роузи не се натпреварувала во MMA од декември 2016 година, кога загуби со нокаут од Аманда Нунеш на УФЦ 207. Во тој период нејзиниот живот тргна во поинаков правец – таа е во ВВЕ, стана мајка на две деца и пишува книги.

Сега, на 38 години, Ронда објави на Инстаграм дека повторно ја открила љубовта кон боречките спортови. Во објавата таа го покажа својот напредок од првите тренинзи по раѓањето на второто дете, па сè до сегашното чувство на самодоверба и повторно уживање во подлогата.

„Последните шест месеци беа апсолутна експлозија. Чувствувам дека сè уште имам толку многу да научам, и без тежината на светот на моите рамена, ништо не ме спречува“, напиша Раузи.

Во поткастот „Лапсед фан“, таа појасни дека нема интерес за планираниот настан на УФЦ во Белата куќа во јуни, но ја остави вратата отворена за нејзината иднина: „Никогаш не вели никогаш“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON