Пред некое време, Ронда Русеј, во интервју истакна дека побрзо би умрела отколку да предаде борба во кафезот. Овој став ги крена страстите кај навивачите, вистина е дека и до денес Русеј не се одрекува од зборовите.
Во интервју за АБЦ Австралија, Русеј беше запрашана дали се уште е на истото мислење:
„Еднаш рековте дека сте подготвена да умрете во кафезот. Точно ли е? Можеби сега сте премисливте“?
Таа одговори:
„Не. Уште се сеќавам на првиот меч во УФЦ кога бев фатена во исклучително болен „клуч “. Во тој момент требаше брзо да донесам одлука. Тој „клуч“ можеше да ме направи инвалид за цел живот, секој нормален човек на мое место би се предал.
Но, во тој момент, тоа што можев да настрадам немаше никакво значење за мене. Ниту за миг во мојот ум не помина мислата да се откажат“.