Ронда мора да паузира 6 месеци по поразот со нокаут

Holi ja udira Ronda

Ронда Русеј по нокаутот што го доживеа минатиот викенд во Мелбурн, што значеше и прв пораз во кариерата, што го заработи од сонародничката Холи Холм, преземајќи ја и шампионската титула на УФЦ во бантам категорија.

Поради нокаутот во втората рунда (59 секунди) таа мораше ноќта да ја помине во болница. Ронда сега има медицинска медицинска суспензија од 180 дена, односно нема да може да се бори, освен ако медицинските тестови порано не покажат добри резултати. Воедно таа не треба да има никаков контакт 45 денови или било каква борба во наредните два месеца. Ова беше објавено официјалниот сајт на ММА.

Инаку, Русеј и пред борбата со Холм најави дека има намера малку да се повлече и најверојатно во наредниот период ќе се фокусира на неколку филмски проекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО