Ронда го покажа свршеничкиот прстен: Тревис и јас се жениме!

Ронда Русеј и Тревис Браун се свршија.

Осумнаесет месеци откако Браун обзнани дека во врска со една од најголемите ММА ѕвезда во светот, сега партот за ТМЗ открива дека се свршени и дека наскоро планираат свадба.

„Се жениме“, рече Русеј и го покажа вереничкиот прстен.

Нејзиниот вереник, 34-годишниот тешкаш на УФЦ Браун, откри дека двојката се свршила за време на неодамнешниот одмор во Нов Зеланд.

„Бевме под водопад во Нов Зеланд. Се чинеше како вистинско место“, изјави Браун.

Русеј вели дека се уште немаат време и место за свадбата, но се чини дека планира долго да чека долго.

„Наскоро, но не знам што се е потребно за планирање на свадба“, објасни Русеј. Би можело да биде многу едноставна. Јас навистина не сакам ништо големо. Не ни требаат украси или цвеќе, само да имаменешто да јадеме и луѓе околу себе“.

Поранешната шампионка во бантам категорија Русеј не се борела од УФЦ 207 во декември, кога беше поразена од актуелната шампионка Аманда Нунес за само 48 секунди. Со два тешки порази по ред се уште не постои индикација дека некогаш најдоминантниот ММА борец  ќе се врати во октагонот.

Вереникот Браун, исто така се наоѓа во тежок период од кариерата забележувајќи три последователни порази, последен пат против Дерик Луис во февруари. Хапа следната борба ја има на 8 јуни на УФЦ 213 против Алексеј Олејник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON