Бадр Хари се врати во затвор, на слобода за седум месеци

Бадр Хари во понеделникот се врати зад решетки за да отслужи затворската казна, пренесуваат холандските медиуми.

Адвокатот Бендедикте Фик потврди дека кик-бокс ѕвездата се одѕвала на повикот на Врховниот суд во Холандија кој ја донесе пресудата уште на 7 февруари.

Мароканско-холандскиот тешкаш е осуден на 24 месеци затвор за повеќе инциденти, вклучувајќи го нападот на бизнисменот Коен Еверинк во 2012 година во Амстердам. Десет месеци условна казна доби 32-годишното момче, а околу седум веќе одлежа во притвор. До истекот на казната му преостанаа е уште седум месеци, па така на слобода треба да се најде некаде во ноември /октомври.

Хари и пред повикот доброволно се јави за што побрзо да ја отслужи казната, за да може да и се врати на борбите, односно за реваншот со првакот на Глори, Рико Верховен, со кого се пресмета минатата година за на Глори Колисион во Оберхаусен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО