Ронда до Мејведер и Конор: Начукајте си го, ако мислите само на пари!

ronda-namrstena

Ронда Русеј во октагонот ќе се враќа на 30 декември против Аманда Нунес во средба за шампионската титула во перо категорија на УФЦ.

Последен пат ронда се бореше на крајот на минатата година, кога ја загуби титулата со уништувачкиот нокаут од Холи Холм.

Говорејќи за ЕСПН, Русеј изјави дека за неа парите не се водечка мотивација во спортот. Таа дури спомена луѓе по име, како Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор, кои често се фалат со она што успеваат да го заработат.

„Ако парите се твојата мотивација, тогаш оди еби се“, изјави Ронда, додавајќи: „Сите овие пари, луѓе … Мани Мејведер, Мани Мек Грегор. И на луѓето им се допаѓа ова“.

„Нашето општество премногу ги обожува парите. Само затоа што тоа е најлесниот начин да го задржиш вниманието на луѓето или да ги забавуваш, не значи дека е вистинскиот начин“.

Ронда откри дека не сонува за многу, туку за мирен живот со партнерот Тревис Барун и деца кои живеат среќно надвор од големиот град.

„Претходно немав пари и тоа не беше крај на светот. Се што е потребно е јас и Тревис да имаме мала куќа во шумата со нашите бебиња, да правиме снежни луѓе и за мене се ќе биде во ред. Ќе ми биде доволно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON