Роналдо Соуза ја заврши ММА кариерата, сега ќе се посвети на џиу џицу

Легендарниот 41-годишен ММА борец (26–10, 1 НЦ) одлучи да ја заврши кариерата во ММА и целосно да се посвети на џиу-џицу.

Жакар ги загуби последните четири борби во УФЦ, а последниот пораз беше на 15 мај против Андреа Муниз. Неговиот сонародник го совлада со лост, кршејќи му ја раката.

Роналдо Соуза дебитираше во 2003 година и загуби со нокаут во првата рунда против Хорхе Патин. Седум години подоцна го освои појасот на Страјкфорс во средна категорија со победа против Тим Кенеди, кој своевремено бранеше.

Во септември 2011 година ја загуби титулата против Лук Рокхолд. Потпиша за УФЦ во 2013 година, но никогаш немаше шанса да победи во борбата за титулата.

„Останав премногу долго во ММА и не сакам повеќе да се борам. Готово е со слободните борби. Се враќам во спортот во кој напишав историја и кој многу го сакам. Рано си заминав од џиу –џицу“, рече Роналдо Соуза и додаде:

„Почнувам да тренирам и можеби ќе се вратам на натпревари во џиу-џицу. Сакам нови предизвици, а тоа е џиу-џицу, спортот постојано напредува. џиу-џицу е прекрасно за гледање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО