Роналдо потпиша договор за 8 борби со УФЦ

Без разлика дали ќе победи или ќе загуби утре, Роналдо Соуза ќе остане во УФЦ. Борец во средна категорија потпиша нов договор за 8 мечеви со организацијата.

Жакар ќе се соочи со Роберт Витакер на УФЦ на Фокс 24, што ќе се одржи утре во Канзас.

Соуза кој изграсна во организацијата Страјкфорс, е со скор 7-1 во УФЦ. Сепак нема да добие средба за титулата, макар и да забележи победа овој викенд, Јоел Ромеро има контроверзна победа против него и е еден чекор поблиску до шампионски дуел. Ситуацијата се усложни кога Жорж Сент Пјер повторно се појави на сцената и одлучи да го нападне шампионскиот појас во средна категорија.

Тоа сепак воопшто не го спречи Соуз со радост да го прослави новиот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON