Рокхолд ја брани титулата против Биспинг на 4 јуни

Rokhold Bisping

Лоши вести за навивачите на Жакар Соуза.

И покрај високиот рејтинг и одличната победа во последниот дуел, борецот е на второто место во категоријата, нема да се бори против шампионот Лук Рокхолд.

Честа да го замени повредениот Крис Вајдман падна на Мајкл Биспинг.

Соуза ќе го оперира коленото, откако го победи Витор Белфорт на УФЦ 198.

„Каунт“ ќе го замени повредениот кандидат, Крис Вајдман, кој заработи повреда на вратот во неделата пред мечот на 4 јуни. Биспинг последната победа ја забележа на многу контроверзен начин со судиска одлука над Андерсон Силва оваа година.

Рокхолд веќе има меч против Англичанецот – победа со давење во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО