Ројс Грејси посака реванш со Мет Хјуџис

Една од најголемите легенди во историјата на боречките спортови, Ројс Грејси, сака да учествува на барем уште еден меч, макар што има 50 години.

Големиот Бразилец изјави дека сака повторно да се сретне со Мет Хјуџис, кој неодамна објави дека ја обновува кариерата.

Двајцата поранешни шампиони на УФЦ се сретнаа во 2006 година на УФЦ 60, а тогаш Хјуџис забележа победа со технички нокаут.

Сепак, сега Грејси копнее за реванш.

„Човеку, тоа би било одлично. Сите сакаат да видат сличен втор меч“, коментира Ројс.

Запрашан што би направил поинаку, наспрема нивната прва борба, Грејси возврати:

„Овој пат мислам да присуствувам на средбата. Тогаш стратегијата ми беше правилна. Тој го направи сето она што го очекувавме од него. Но, тогаш само мене ме немаше во мечот“.

Се довери дека не се плаши од својата возраст.

„Не сум престанал да тренирам. Моето тело е во одлична форма, машината не е престанала да работи. Кој би победил? Има само еден начин да се разбере“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО