Ројс Грејси има желба повторно да се бори

ММА пионерот Ројс Грејси изјави дека има желба повторно да се врати на ММА борбите.

Во последното интервју Бразилецот изјави дека повторно сака да настапува во Белатор.

„Сето тоа зависи од Белатор. Ако одлучи Скот Кокер“, рече Грејси.

Ројс несомнено е една од највлијателните личности во ММА од зачетокот на дуелите до денес и на 50-годишна возраст размислува за нив.

Грејси го направи дебито во Белатор во февруари минатата година на Белатор 149, кога го победи Кен Шамрок со ТКО. Тоа беше првата победа на Грејси што постигна благодарение на ударите.

Грејси се бореше на првиот УФЦ во 1993-тата. Тогаш победи тројца протовноца во една вечер, освојувајќи го турнирот. Потоа Бразилецот ги освои и второто и четвртото издание на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО