Ројс Грејси: Демијан Маја може да го подобри мојот рекорд

Demijan maja

Ројс Грејси доминираше над останатите противници во раните денови на УФЦ со своето џиу-џицу, забележувајќи десет победи со сабмишн за тринаесет месеци меѓу УФЦ 1 и УФЦ 4.

Бразилскиот џиу-џицу експерт, Демијан Маја, се приближува кон ова достигнување. Започнувајќи ја УФЦ кариерата во 2007 година, тој запиша пет победи со сабмишн во првите пет меча во средна категорија. Откако помина во полусредна категорија во 2012 година, тој натера четворица противници да се предадат. Така, тој е веќе само на една победа со сабмишъ до рекордот на Ројс Грејси.

За последната победа над Карлос Кондит на УФЦ на Фокс 21 Маја доби заслужени комплименти од страна на Грејси. Демијан Маја е Бразилец со најмногу победи во историјата на УФЦ – 18.

„Мечот му беше совршен. Покажа колку е ефикасно џиу-џицуто. И дека може да победува, користејќи исклучиво џиу-џицу. Одејќи на тој начин, може да го подобри овој рекорд. Тој старотно се справува“.

„Нема потреба да разменуваме удари со противник, или пак да му дозволуваш да те удри во лицето, за да добиеш еден меч. Демијан го докажа тоа. Еден борец треба да работи на својата борба во стоење, но и џиу-џицу е доволно, за да славиш во еден натпревар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО