Рој Џонс: Што ако Вајдлер го удри Усик во телото?

Поранешниот неприкосновен светски шампион во полутешка категорија, Рој Џонс Јуниор (66-10) не е импресиониран од издржливоста на Александар Усик (21-0).

На крајот на минатиот месец Усик се соочи со Даниел Дубоа и успеа да победи со нокаут. Усик ги одбрани титулите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, но во 5. рунда имаше контроверзен момент. Дубоа удрил во телото на Усик, кој паднал на паднал и се извиткувал од болка.

Многу луѓе сè уште веруваат дека тоа беше чист удар, иако судијата го нарече удар под појасот. Џонс не гледа дека Усик може да ги изржи ударите на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (33-0) и поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер. (43-2).

„Не ми се допаѓа идејата Усик против Фјури. Не ми се допадна оваа борба тогаш, не ми се допаѓа сега. Зошто? Погледнете ја борбата на Усик со Дубоа. Што ќе се случи ако Дионтеј Вајлдер го удри Усик во телото?

Некои веруваат дека ударот не бил нелегален и дека Усик требало да загуби со ТКО. Целата оваа ситуација отвора многу повеќе можности за боксерите кои можат силно да погодат“, изјави Џонс на својот канал на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON