Рој Џонс: Мајк Тајсон може да те убие со еден удар

Ветеранот Рој Џонс (51) е подготвен за најлошото во борбата со Мајк Тајсон.

Тие ќе боксираат на крајот на следниот месец во САД. Според планот, нивната средба е егзибициска, во која не треба да даваат се од себе. Сепак, и двајцата не престанаа да кажуваат дека нема да се штедат и ќе дадат се од себе за навивачите. Единствениот начин да се победи на нивниот боксерски меч е со нокаут, бидејќи во рингот нема да има судии.

Рој беше многу поактивен од Тајсон во последните неколку години и е во серија од четири победи. Неговата последна борба беше во февруари 2018 година и во неа го победи Скот Сигман. Џонс победи во 12 од последните 13 борби и нокаутираше 47 противници. Неговата статистика во рингот е импресивна и се состои од 66 победи и 9 порази. Рој е подготвен на сè.

https://www.instagram.com/p/CGV_NueFUwG/?utm_source=ig_embed

„Сè може да се случи кога Мајк Тајсон ќе ве удри. Тој не е само обичен удирач.

Сакам бокс и ако умрам во рингот, тогаш ќе бидам среќен. Постојат и други начини на кои сакам да заминам, но нема да се лутам ако тоа е во рингот“, изјави Џонс за жестокиот ривал.

https://www.instagram.com/p/CGGHUEPFJwb/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО