Рој Џонс го изедначи Фјури со Мухамед Али

Поранешниот шампион во повеќе категории Рој Џонс кажа ласкави зборови за Тајсон Фјури. Џонс, кој забележа скор 66-9 во рингот, смета дека Фјури е еден од најпаметните боксери во светот. „Јуниор“, кој се пензионира во 2018 година, се радува на успесите што ги постигна Фјури во последните неколку години. Всушност, Рој вели дека ги пророчил.

„Тајсон Фјури денес е еден од најпаметните момци во боксот. Пред три или четири години, му реков дека ако се стегне и влезе форма, тој би бил многу среќен со резултатот, затоа што може да ги победи сите момчиња. Тој е попаметен од повеќемина од нив.

Фјури е поталентиран во боксот од поголем дел од нив. Тајсон ги користи своите алатки помудро од повеќето од нив. Мухамед Али беше најголем на сите времиња, но тој користеше само 65 проценти од бокс вештините и 35 отсто од паметот. Многу голем дел од боксот е умот.

Не велам дека Фјури е добар како Али, но тој има памет како Али. Со таков ум, Фјури може да биде секој. Толку сум среќен за него и се гордеам со него што успеа да го направи тоа. Го сакам до смрт. Го гледам како број 1 и сметам дека борбата против Џошуа е добра работа. Џошуа има повеќе оружја од Вајлдер“, изјави Џонс во интервју за телевизијата ИФЛ.

https://www.instagram.com/tv/B_FeO6upQJf/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО