Рој Џонс Јуниор го прогнозираше исходот од дуелот меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол

Артур Бетербиев и Дмитри Бивол ќе се борат на 12 октомври во Саудиска Арабија за апсолутен шампион во полутешка категорија.

Тоа е борба на двајца од најдобрите и непоразени борци во полутешка категорија кои ќе се борат за обединување на светските титули.

А пред мечот, поранешниот шампион во таа дивизија Рој Џонс Јуниор го прогнозираше исходот од дуелот меѓу Бетербиев и Бивол.

Џонс верува дека љубителите на боксот ги чека забавна вечер, но тој мисли дека еден борец има мала предност пред неговиот противник.

„Тоа е многу добра борба и тешко е да се предвиди во кој правец ќе оди овој меч. Слушнав дека спарингувале неколку пати, а едниот секогаш бил подобар од другиот. Не го знаев тоа, но ако требаше да го изберам мојот фаворит, тоа ќе беше Бивол“, изјави Рој Џонс, а потоа продолжи:

„Но Бетербиев е напаѓач и ако добро го удри Бивол може да го нокаутира. Бетербиев е еден од најдобрите напаѓачи и ако погоди добро има шанса да победи“.

Поранешниот шампион ја истакнува и најголемата слабост на Артур.

„Луѓето не сфаќаат дека Бетербиев веќе паднал три-четири пати, а тоа најчесто е слабост на силни удари. Тие не се толку отпорни на ударите што можат да ги добијат“, истакна Рој Џонс и подвлече:

„Значи, Бетербиев е добар удирач, но не знам колку му е силна брадата и дали може да издржи силен удар. Тука може да има проблеми. Навистина мислам дека Бивол е во предност и верувам дека ќе победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON