Рој Џонс во август се враќа во рингот

AFP_6G31T
AFP_6G31T

По тешкиот пораз со нокаут од Енцо Макаринели во Москва во декември минатата година, повторно се слушнаа повици дека е време Рој Џонс да се повлече.

Велшанецот (35 г.) во меѓувреме се повлече откако го нокаутираше Дмитро Кучер во првата рунда, а Џонс (63-9, 46 КО) во март го нокаутираше ММА борецот Вајрон Филипс.

47-годишната легенда во рингот повторно ќе влезе на 13 август против Родни Мур (17-11-2, 7 КО). 40-годишниот Американец ги загуби последните девет мечеви, а во периодот од 2005 до 2012 година не се бореше.

Некогаш најдобриот боксер на светот ќе го предводи настанот во родниот Пенсакола, Флорида, град каде што пред 27 години го направи професионално деби. Борбата ќе се одржи во леснотешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON