Рој Џонс: Денешните боксери многу зборуваат, а не преземаат ризици

roj-dzons-junior

Поранешниот светски шампион во четири категории Рој Џонс Јуниор изјави дека боксерите во денешно време се повеќе склони да зборуваат, отколку да дејствуваат и да преземаат ризици.

Џонс е поранешен шампион во средна, супер средна, полутешка и тешка категорија. Тој се сети на времето кога презел голем ризик, прифаќајќи да се бори со Џон Руиз за титулата на ВБА во тешка категорија во 2003 година. Тогаш победи со судиски одлука.

„На пример, Хулио Чавез се бореше со сите. Знаевме дека можеме да победиме, но и можеме да изгубиме. Сé се сведува на тоа да ги израдуваш навивачите. Денешните суперѕвезди зборуваат, само заради озборување“, изјави Рој Џонс.

Според него, премногу боксери се обидуваат да го копираат Флојд Мејведер, кој заработи 300 милиони долари од средбата со Мани Пакијао во мај 2015 година.

„Тоа се промени начинот на кој гледаме на боксот. Тешко е да не се угледуваат на него, бидејќи тој направи повеќе пари од секого друг. Ако некој се обиде да го стори тоа, коешто го направи Флојд, нема да го добие. Ако имаме одличен спортист пред нас, сите сакаме тој да биде предизвикан … да се бори со најдобриот, а не само со кого и да е“.

„Најлошо во боксот е да губиш, бидејќи тогаш сите велат дека веќе не си добар. А тоа не е така. Во УФЦ борците губат и ништо не се случува … тие само повторно добиваат добар натпревар. Флојд направи толку пари, бидејќи докажа дека никој не може да го „реши“. Тој е еден од најинтелигентните боксери во историјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО