Ковалев: Подобро да загубиш отколку да победиш како Ворд

kovalev-i-vord

Сергеј Ковалев се уште не заборавил како загуби во дуелот со Андре Ворд во ноември. Тогаш Ворд забележа победа на поени против Русинот, но преовлада мислењето дека Ковалев е ограбен од судиите.

Со тој пораз Русинот ги загуби светските титули во верзиите на ИБФ, ВБА и ВБО во лесно-тешка категорија.

Ковалев цврсто е уверен дека Ворд добил не повеќе од три или четири рунди против него. Тој го искористи правото на реванш, а се надева дека повторно ќе се сретнат пред јуни.

Рускиот боксер е решен да го нокаутира Ворд во реваншот, со тоа што смета дека се претренирал пред првиот меч.

„Подобро да изгубиш отколку да победиш на начинот на Андре Ворд“, посочи Ковалев и додаде:

„По натпреварот јас и целиот мој тим бевме сигурни дека сме победници. Но кога ја слушнав одлуката, некаде во мене сфатив дека тоа може да се случи ако не го завршиш противникот пред финалниот удар на гонгот“.

„Сега мислам дека не направив се што можев да направам во овој меч. Можеби малку и го преценив Ворд и тренирав повеќе отколку што требаше за време на подготовките. Во првите рунди се чувствував свеж, но по четвртата почнав осетив дека сум побавен“.

„Навистина го преценив противникот. Толку напорното подготвување ме замори. Сега можам да кажам дека оваа грешка нема да се повтори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО