Роган: Веласкез, Стипе и Федор, тоа се тројцата најдобри на сите времиња (ВИДЕО)

Џо Роган во својата последен подкаст „“The Fight Compaignon“ заедно со поранешниот топ УФЦ тешкаш Брендан Шауб ја пркоментира ситуацијата на врвот во тешка категорија. Двоецот во живо ја следеше акцијата од Стокхолм каде што се одржуваше УФЦ Фајт најт со Александар Густафсон и Гловер Тешеира во главните улоги и паралелно ги коментираа мечевите, но и за други интересни теми од УФЦ.

И Роган и Шауб се согласуваатт дека Каин Веласкез би бил совршен следнен предизвикувач на Стипе Миочиќ. Но под еден услов – да е сосема здрав.

„Тоа беше најдобрата борба. Но ако си Каин, тој е одамна надвор од „машината“. Стипе во моментов е чудовиште“, рече Роган со што Шауб се согласи:

„Да, тоа би била најдобрата борба по подолго време меѓу тешкашите“.

Роган би сакал Веласкез конечно да ги реши здравствените проблеми и да земе подолг одмор. УФЦ коментаторот смета дека лошиот тренер за физичка подготовка, но и пребрзото враќање по операцијата и повредата и кумуваа на вака катастрофалната состојба на телото на некогаш најдобриот борец во светот.

„Навистина би сакал на крајот да видам борба Каин и Стипе, кој сега е на врвот“.

Обајцата сметаат дека Миочиќ, Веласкез и Федор се најдобрите тројца тешкаши во историјата.

„Да, тоа е топ три во историјата. Тука беше и Верудм, кој го победи Федор и ги заврши Веласкез и Минотаур“, заклучија …

https://youtu.be/l5IST9n-8rQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО