Родригез го скрши Б.Ј. Пен (ВИДЕО)

Rodriguez-vs.-Penn-Instagram

Враќањето на Б.Ј. Пен не помина онака како што се надеваше оваа УФЦ легенда. Синоќа Јаир Родригез, победникот на првата сезона на латино-американскиот „Ултимејт фајтер“, му покажа на поранешиот првак во две различни категории дека денес не е ниту на приближно ниво на денешните шампиони.

Родригез покажа со каков арсенал располага и во првите пет минути потполно го демолира Пен. Можеме да кажеме дека е чудо што Пен ја издржа првата рунда и ја продолжи борбата.

Тоа што овој 38 годишен борец го преживеа во првата не успеа во втората рунда и по само 24 секунди дојде до прекин на борбата. Се започна со еден атрактивен „фронт кик“ (директен удар со нога) по кој следеа серија на удари и судијата Џон Мек Карти ја прекина борбата.

https://youtu.be/V2Y30ya3iFA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО