Јаир Родригез (9-1, 6-0 УФЦ) целосно го издемолира поранешниот првак во две категории Б.Ј. Пен (16-11-2, 12-10-2 УФЦ) во главната борба на УФЦ Фајт најт 103 во Феникс.
Непоразениот 24-годишнет Мексиканец ја контролираше борбата со удари со ноган, а Пен беше завршен откако беше погоден со фрон кик проследен со удар со шаката на почетокот на втората рунда. 38-годишниот борец од Хаваите кој се врати по две ипол години пауза ова му беше четврти последователен пораз.
https://youtu.be/xjhMe2J9heU
Џо Лузон (27-12, 14-9 УФЦ) не самиот не можеше да верува кога судиите му ја доделија победата против Полјакот Марчин Хелда (22-6, 0-2 УФЦ).
https://youtu.be/RIJVBCqfQMY
Бен Сондерс (21-7, 8-4) уште еднаш се врати во УФЦ и со едногласна одлука на судиите го совлада Курт Мек Ги (18-6, 7-5 УФЦ), додека Олексеј Олеиник (51-10-1, 3-1 УФЦ) со Ezequiel Chokei за 3 минути борба го принуди да се предаде Чехот Виктор Пешта (10-4, 1-4 УФЦ).
https://youtu.be/MnrxoLQY96c
Бојан Михајловиќ (10-5, 0-2 УФЦ) се спушти во полутешка категорија за вториот меч во УФЦ и загуби со нокаут во третата рунда од Данецот Јоаким Кристенсен (14-4, 1-1 УФЦ).
Тешкашот Волт Харис (9-5, 2-4 УФЦ) одлично комбинираше крошеа и колена и го ноокаутира Чејс Шерман во средината на втората рунда (9-3, 0-2 УФЦ).
https://youtu.be/KBRYld_kn_M
https://youtu.be/OZEZDhIaD7I
УФЦ Фајт најт 103:
Јаир Родригез – Б.Ј. Пен (ТКО, Р2)
Џо Луозн – Марчин Хелда (поделена одлука на судиите, 27-30, 29-28, 29-28)
Бен Сондерс – Курт Мек Ги (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Серхио Петис – Џон Морага (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 30-27)
Дракар Клосе – Девин Пауел (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Аугусто Мендес – Френки Саенц (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Алексеј Олеиник – Виктор Пешта (сабмишн, Езекиел давење, Р1)
Тони Мартин – Алекс Вајт (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Нина Ансароф – Жоселин Џонс-Либаржер (сабмишн, давење од позади, Р3)
Волт Харис – Чејс Шерман (КО, Р2)
Јоаким Кристенсен – Бојан Михајловиќ (ТКО, Р3)