Роденденот на џудото под мотото „Обединетост“!

Den na dzudoto 28 oktomvri

По петти пат, Џудо федерацијата на Македонија, клубовите, џудистите, тренерите, спортските работници и фановите и годинава го одбележуваат на Светскиот ден на џудото, 28 октомври. Годинашниот фокус е насочен кон темата „Обединетост“ (Unity), која заедно со претходните теми „Чест“ (Honour), „Упорност“ (Perseverance), „Џудо за сите“ (Judo for all) и „Почит“ (Respect) означува дел од принципите на џудото.

Denot na dzudoto od SP dubai

Ова е петта година како Интернационалната џудо федерација го одбележува светскиот Ден на џудото во чест на роденденот на основачот на џудото, Јигоро Кано, а славањето на овој ден се одбележува со низа настани ширум целиот свет, кои имаат за цел да го промовираат џудото во своите заедници преку демонстации, натпревари, тренинзи…

Денес, повеќе од 20 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираат џудо. Интернационалната џудо федерација брои повеќе од 200 национални федерации и пет континентални сојузи.

Светскиот ден на џудото има за цел да ги покаже спортските вредности, но и да докаже дека џудото е повеќе од спорт. Џудото е образовна алатка која може да им помогне на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат еден со друг. Целта е да се зголеми бројот на џудисти во целиот свет и да помогнеме да се промени животот на луѓето со користење на моќта на џудо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО