Роберто Солдиќ – Патрик Кинкл на КСВ 63

Шампионот во полусредна категорија на КСВ, Роберто Солдиќ ќе се врати во кафезот. 26-годишниот борец од Хрватска ќе се бори со Патрик Кинкел на КСВ 63 на 4 септември во Полска.

Солдиќ има сркор 18-3 во ММА и е во серија од 5 последователни победи. Тој последен пат го победи Михал Матерла на крајот на 2020 година. Роберто заврши 16 меча, а загуби само еднаш.

Солдиќ загуби само една од последните 13 битки. Тој е поразен од Дрикус ду Плесис со нокаут на почетокот на 2018 година, но на крајот од истата година возврати со нокаут и ја врати титулата.

Кинкл, пак, има 24-9 во ММА и е во серија од 5 последователни победи и доаѓа по победата над Романовски со нокаут во јуни оваа година. Патрик победи со завршница на 18 средби, а загуби три пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО