Роберто Мелони гостин на Сеишин (ФОТО)

 Џудо клубот Сеишин имаше исклучителен гостин, Роберто Мелони од Рим, Италија, главен тренер во два џудо клубови во Рим и тренер на националниот тим на Италија. Мелони е доскорешен тренер на џудо тимот на италијанските карабинери и моментално носител на 6-ти Дан (црвено бел појас).

Како натпреварувач е повеќекратен национален шампион на Италија, носител на бронзен медал на светско првенство, повеќекратен медалист и вицешампион на европско првенство, шампион на Медитерански игри и три пати учесник на Олимпски игри,но не освои медал.

„Роберто Мелони денес присуствуваше на тренингот на Сеишин исклучиво да ја скенира состојбата со нивото на подготвеност на членовите на клубот, како и техничките услови за тренажен процес.

Истиот останува во тридневна работна посета, при што дел од стручните кадри на клубот, покрај тренинзите ќе одржат и состаноци со цел договор и насоки на натамошно делување во поглед на:

– идни чекори за клубска соработка помеѓу италијанските клубови каде работи Мелони и клубот Сеишин;

– одржување на стручни семинари заради размена на искуства и унапредување на џудото кај нас;

– учества на меѓународни турнири во Италија и кај нас“, вели тренерот на Сеишин Дејан Мицкоски и додава:

„Гостинот од Италија е задоволен од првиот ден на неговата посета особено од ентузијазмот, желбата и квалитетот на прилепските џудисти“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON