Роберто Ацковски освои бронзен медал на Европското првенство, втор за Македонија

Роберто Ацковски го совлада Русинот Олег Кавка во борбата за бронзениот медал на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржуваа во Будимпешта, Унгарија, во категоријата до 67 килограми во У-21.

Борбата заврши 2-2, но поради прв освоен поен, медалот му припадна на нашиот репрезентативец.

Ацковски претходно забележа четири победи, а во полуфиналето беше поразен од Црногорецот, Бојан Бошковиќ.

Ацковски го овсвои вториот медал за Македонија на ЕП, откако вчера во јуниорска конкуренција со бронзата се закити и Бојан Костов. Тоа е крајниот скор на нашите репрезенативци на ова првенство.

Резултати

-67 кг
Роберто Ацковски – Андре Луиш (Португалија) 5-3
Роберто Ацковски – Шалев Гаиги (Израел) 4-1
Роберто Ацковски – Милош Сабиецки (Полска) 0-0
Роберто Ацковски – Јан Матејка (Чешка) 6-1
Полуфинале
Роберто Ацковски – Бојан Бошковиќ (Црна Гора) 1-4
За бронза
Роберто Ацковски – Олег Кавка (Русија) 2-2

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON