Роберт Витакер за неполни 2 минути го нокаутира Икрам Алискеров

Роберт Витакер го нокаутира Икрам Алискеров во првата рунда.

Поранешниот шампион во средна категорија покажа дека е сила на која треба да се смета. „The Reaper“ и Алискеров го насловуваа настанот УФЦ на АБЦ 6 во Ријад, Саудиска Арабија. Витакер влезе во битката како фаворит и успеа да ја заврши за една минута и 49 секунди. Витакер сериозно го разниша Икрам со силно десно кроше.

Икрам танцуваше, а Витакер ја намириса крвта како ајкула и се движеше напред агресивно. Му зададе комбинација, по што следуваше висок удар. Алискеров падна, но веднаш стана. Следуваше силен десен аперкат кој го запре текот на Алискеров. Роберт му упати уште неколку удари за да го принуди судијата да ја прекине бробата.

Така Витакер победи со нокаут за 1 минута и 49 секунди.

Резултатот од настанот УФЦ на АБЦ 6:

Роберт Витакер – Икрам Алискеров – КО (удари), Р1 (1:49)
Александар Волков – Сергеј Павлович – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Келвин Гастелум – Даниел Родригез – едногласна одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Шарабутдин Магомедов – Антонио Троколи – КО (удари), Р3 (2:27)
Волкан Оездемир – Џони Вокер – КО (удари), Р1 (2:28)

Воведни борби:

Насрат Хакпараст – Џеред Гордон – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Фелипе Лима – Мухамед Наимов – заврница (гушење од позади), Р3 (1:15)
Ринат Фахретдинов – Николас Далби – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Муин Гафуров – Канг Кјунг-хо – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Магомед Гаџијасулов – Бренсон Рибеиро – мнозинска одлука (29–28, 29–28, 28–28)
Ли Чанг-хо – Ксијао Лонг – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО