Роберт Штиглиц ги закачи ракавиците на клин

Поранешниот светски шампион во суперсредна категорија, Роберт Штиглиц, ја прекина својата кариера по 57 натпревари.

Ветеранот последната борба ја имаше во март. Тогаш ја одбрани европската круна против Никола Сиеклоча.

Ветеранот ќе се памети по четирите меча против Артур Абрахам. Тој победи во вториот дуел во епската сага, но ги загуби другите три средби.

Штиглиц ја завршува кариерата со 50 победи (29 со нокаут), 5 порази и 2 нерешени средби.

https://youtu.be/cLanyE0LJPA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON